Момент кој никогаш нема да го заборави: Хамилтон го возеше легендарниот болид на Сена и ја рекреираше неговата прослава

Дерби

04/11/2024

12:58

19.707

Големина на фонт

а а а

Луис Хамилтон немаше добар викенд на патеката Интерлагос и се мачеше со управувањето на својот Мерцедес, но лошото искуство од трката сигурно побрзо ќе го заборави поради тоа што го доживеа неколку часа пред главните возбудувања.

Британецот е навистина многу популарен меѓу бразилската публика и секогаш ужива во овациите кои ги добива на Интерлагос, меѓутоа истите вчера беа погласни од било кога.

Причина за тоа беше специјалната чест која му ја укажа организаторот на трката, кој му овозможи на Хамилтон да го вози шампионскиот болид на Аиртон Сена од 1990-та година.

Седумкратниот првак извозе еден круг во историската Хонда на неповторливиот Аиртон, а за сцените да бидат уште понезаборавни се погрижи и самиот Луис.

Хамилтон реши да ја рекреира прославата на Сена со развиорено бразилско знаме, па тоа донесе виситнска екстаза на трибините и покрај лошите временски услови.