Навивачите од Бергамо добија забрана за купување на гостински влезници на „Диего Марадона“ поради тоа што натпреварот беше окарактеризиран како „меч од висок ризик“, па така избраниците на Џан Пјеро Гасперини немаа голема поддршка на тешкото гостување.
Аталанта успеа да слави со 0:3 и му го нанесе првиот тежок удар на Антонио Конте на домашен терен, па со тоа беше ставен крај и на позитивната серија на резултати која траеше два месеци.
Гостите од Бергамо покажаа дека се во извонредна форма и се издвојуваат и како тим кој може да се бори за титулата, а дербито од Неапол донесе и една интересна приказна поврзана за еден фан од Шкотска.
Иако беше забранет влез за гостински навивачи, организаторот сепак дозволил еден навивач од Шкотска да се најде на гостинската трибина, па така тој беше единствениот кој во живо го проследи извонредниот резултат на омилениот тим.
Станува збор за шкотски фан на Аталанта по име Стивен, а сторијата стана достапна за медиумите и поради неговата објава на социјалните мрежи.
Napoli stewards were amazing with me. Grazie 💙🖤
— Steven (@Faughnan12) November 3, 2024
Easiest shift they've ever had 😂
What a game that was.#ForzaAtalanta pic.twitter.com/RBZjQ7eSsA