18-годишник од селото Стојаково е тешко повреден откако вчера излетал од локален пат во близина на грчката граница.
- Вчера во 13.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат с.Стојаково – с.Богородица, гевгелиско, патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(18) од село Стојаково, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија, велат од МВР.