Венко Филипче: На Владата не ѝ оди, подготвени сме да одиме на предвремени избори

Макфакс

04/11/2024

12:48

1.400

Големина на фонт

а а а

СДСМ е подготвен за предвремени избори, рече лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција.

Филипче беше прашан за понудата на премиерот за предвремени парламентарни избори заедно со локалните.


„Тоа што има најава за предвремени избори само 3 месеци по формирањето, значи дека на Владата навистина не ѝ оди. Теренска анкета покажува дека над 65 % од граѓаните не се задоволни од работата на Владата. Граѓаните не се задоволни и од животниот стандард. Што се однесува на СДСМ, ние сме спремни да одиме на какви било избори, од денеска па натаму. На секој следен циклус на избори ние ќе настапиме многу поорганизирано и многу поуспешно“, додаде Венко Филипче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг