Вишото јавно обвинителство Нови Пазар поднесе обвинителен акт против Сеад З.(27) поради основано сомнение дека „на свиреп и подмолен начин“ и го одзел животот на жртвата Нусрет Д.(28).
Обвинението, кое е доставено до Вишиот суд во Нови Пазар за донесување одлука за потврда, обвинетиот го товари за кривично дело тешко убиство“, соопштија од Вишото јавно обвинителство.
Обвинителството му предложи на советот на Вишиот суд во Нови Пазар да му се продолжи притворот на обвинетиот Сеад З.
Тој е обвинет дека на 8 февруари со остар предмет му нанел смртни повреди на Н.Д. и потоа телото на убиениот го фрлил во бунар во селото Меѓугор, во околината на Сјеница.
По злосторството побегнал од Србија.
Тој беше уапсен во Австрија на 21 февруари, откако Вишиот суд во Нови Пазар се согласи да распише меѓународна потерница по него.
Тој беше екстрадиран во Србија на крајот на мај.
Покрај него, во истрагата е опфатен и Е.Џ. (19) од Сјеница за непријавување подготвување кривично дело и Е.Х. (40) од Нови Пазар за помагање на сторителот по извршеното кривично дело.
С.А.З.(27) од Сјеница е осомничен дека пред десет дена го намамил Нусрет Дестановиќ (27) од Тутин, љубовникот на неговата поранешна сопруга Р.Х.(27), а потоа го претепал, го усмртил и го фрлил во селскиот бунар.