Макс Ферстапен направи неверојатен пресврт на Интерлагос и успеа да победи на трка на која стартуваше 17-ти, а со оглед на тоа што Ландо Норис заврши шести, полека почнаа да згаснуваат надежите и кај најоптимистичките британски медиуми.
Ферстапен се чини дека вчера зададе дефинитивен удар во битката за титулата и сега има 62 бода повеќе од Норис на три трки пред крајот, но неверојатното шоу кое го понуди на патеката го продолжил и во прес-центарот.
Макс беше исполнет со емоции по брилијантната трка која ја извозе и на големо ја славеше својата прва победа во Формула 1 по десет трки, но големиот Ф1 шампион не пропуштил шанса да ги истрола и верните симпатизери на Ландо.
Возачот на Ред Бул не пропушти да евидентира дека на пресот нема ниту еден претставник од британските медиуми, па прашањето кое го постави стана вирален хит и истото беше одобрено од Пјер Гасли.
– Имам едно брзо прашање…… Го почитувам тоа што сте тука, но каде се британските новинари? Дали истрчаа веднаш до аеродромот, или пак не знаат каде е прес-конференцијата?, – праша Ферстапен.
Max: "I have a quick question, I appreciate you all being here but where is the British press? Do they have to run to the airport? Or do they not know where the press conference is?"
— Verstappen News (@verstappenews) November 3, 2024
THE ENTIRE ROOM LAUGHING AFTERWARDS 😭😭😭pic.twitter.com/R4Cx98zoEI