[ВИДЕО] Кон Кралот на Шпанија фрлаа со кал: „Ја разбирам фрустрацијата на луѓето“

Макфакс

04/11/2024

08:12

1.613

Големина на фонт

а а а

Градоначалничката на Паипорта, град во Шпанија каде жителите фрлаа кал врз кралот и премиерот, нарекувајќи ги „убијци“, рече дека тоа е „крик на очај од луѓето напуштени“ во поплавите.

„Ја разбирам фрустрацијата и очајот на луѓето“, рече 45-годишната градоначалничка Марибел Албалат во телефонски разговор за јавната телевизија ТВЕ.

„Тоа беше крик на очај од напуштени луѓе“, додаде таа.

Паипорта се наоѓа на 7 километри југозападно од градот Валенсија. Тоа е најпогоденото место од поплавите во кои од вторникот вечерта загинаа најмалку 217 луѓе во југоисточна Шпанија.

„Повеќе од 70 луѓе загинаа во нашиот град. Но, тоа е информација од пред два дена, не добивме нови информации“, рече Албалат.

Таа рече дека знаела дека ќе има трагична несреќа штом реката почне да се излева во вторник навечер.