Хорор во Италија: Татко претепал петмесечно бебе додека било во болница, полицијата го фатила на дело!

Точка

03/11/2024

09:57

1.106

Големина на фонт

а а а

Маж го малтретирал својот петмесечен син

Полицијата од италијанска Падова уапсила 22-годишен маж од провинцијата Виченца, кој во болница го малтретирал својот петмесечен син.

Според порталот Corriere delle Alpi, истрагата започнала откако бебето било итно примено на педијатрискиот оддел на болницата, каде медицинскиот персонал констатирал повреди за кои е потребно дополнително испитување.


Состојбата на детето се влошила за време на хоспитализацијата, поради што здравствените власти се посомневале во вистинската позадина на повредите на бебето. Со поддршка на Јавното обвинителство, полицијата веднаш почна со деликатна надзорна активност.

Многу брзо се констатирало дека таткото при посети на одделението, користејќи ја приликата да остане сам со синот и уверувајќи се дека медицинскиот персонал не е присутен, извршил насилство врз детето нанесувајќи му повреди и со тоа влошувајќи ја неговата веќе кревка здравствена состојба.


Откако полицијата го фатила на дело 22-годишникот, тој бил уапсен и одведен во затвор во Падова.

Како што нагласи полицискиот комесар Марко Одорицио, мајката не била вклучена во насилни дејствија врз детето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг