Пеп по серијата повреди во Сити: „Не ни треба сожалување, играчите нека го прифатат предизвикот“

Точка

02/11/2024

11:03

1.754

Големина на фонт

а а а

Во кој состав утре Манчестер Сити ќе се соочи со Борнмаут е прашање на кое ниту менаџерот на овој тим Пеп Гвардиола нема одговор на неполни 24 часа пред натпреварот.

Актуелниот шампион на Англија е во огромни проблеми, повредите течат како на лента, па поразот од Тотенхем во Лига купот донесе уште две грижи – Савињо и Јошко Гвардиол сега се надвор од терените.

Бразилското крило и хрватскиот дефанзивец на тој начин им се придружија на Кевин де Бруине, Џек Грилиш, Кајл Вокер и Џереми Доку, како и на тешко повредените Родриго и Оскар Боб. Добитникот на „Златната топка“ заврши со сезоната, а норвешкиот напаѓач дефинитивно нема да игра до крајот на оваа година.


Повреден е и Рубен Диас, но би требало да настапи на утрешниот натпревар, пренесуваат островските медиуми.

„Не сме единствениот клуб во светот кој ги има овие проблеми. Ослабени сме, имаме потешкотии на многу позиции во тимот, но не можеме да влијаеме на тоа. Неколку пати им реков на играчите: Момци, не жалете се себе си, предизвикот е тука и прифатете го“, изјави Гвардиола.


На прашањето дали повредите ќе влијаат на активноста на Сити во зимскиот преоден рок, Гвардиола одговори:

„Можеби во јануари ќе бидеме комплетни, освен секако Родри, можеби и Оскар. Кога сме сите заедно, тогаш ништо не ни треба, се е покриено, сите се борат за место и се фокусирани да бидеме подобри. Сега ние сме во проблем, но ќе продолжиме понатаму“, изјави Гвардиола.

Сити по девет кола е лидер на табелата во Премиер лигата со 23 бода и има бод повеќе од Ливерпул.




Спонзорирани линкови

Маркетинг