Реал Мадрид не е на посакуваното ниво во досегашниот тек на актуелнава сезона, покажува доста слабости во игратата како во домашниот шампионат така и во Лигата на шампионите.
Јасно е дека се уште се наоаѓаме во раната фаза на кампањата, меѓутоа пораз како оној од Барселона од 4-0 говори дека некои работи не функционираат, а кога е така првиот човек на клубот Флорентино Перез знае да преземе конкретни чекори и донесе силни одлуки.
Карло Анчелоти е успешен во вториот мандат во Реал, но иако има договор до 30 јуни 2026 година оваа сезона може да биде негова последна на функцијата ако резултатите, играта не се поправи во продолжението. „Релево“ пренесува дека „кралевите“ веќе го меркаат Чаби Алонсо за нов тренер и тоа во 2025 година.
Алонсо е поранешен играч на клубот, човек кој имаше импресивни резултати со Баер Леверкузен во натпреварувачката 2023/2024, па на негова адреса пристигнаа атрактивни понуди од Ливерпул, Баерн Минхен кои ги одби, но тешко дека тоа одново ќе го направи ако добие повик од актуелниот европски првак.
Истиот овој медиум пренесува дека Перез не планира комплетно да се ослободи од Анчелоти и ќе му понуди алтернативна улога во клубот, амбасадорска или висока советничка позиција.