Патрик Виера своите најдобри играчки денови ги мина носејќи го дресот на премиерлигашот Арсенал, клуб во кој остави неизбришлива трага во периодот од 1996 до 2005 година, период на златните денови на „топчиите“ кога редовно се освојуваа титули во Премиер лигата, ФА Купот и Комјунити Шилд.
Со оглед на минатото и врската со клубот, Виера и денеска сака да го види Арсенал како е успешен, напредува, освојува пехари, па така тој даде еден предлог во управата, менаџерот Микел Артета за ангажман на еден напаѓач, талентираниот Џон Дуран од редовите на Астон Вила.
- Ми се допадна неговиот настап против Баерн Минхен. Тој е вистински играч за Арсенал – брз, несебичен, цврст во воздухот, технички вешт и интелигентен во движењето, - вели Патрик кој смета дека „топчиите“ ќе бидат поинаков состав со класична деветка.
- Прашањето е дали Арсенал може да ги постигне своите цели со вистински голгетер или со лажна деветка. Хаверц се претстави добро од почетокот на сезоната и има потенцијал да ја исполни таа улога. Но, како што покажа Манчестер Сити, имањето чист напаѓач како Халанд прави полесно да ги добивате натпреварите, - заклучи асот кој е роден во Дакар.