Рома ја забележа третата сезонска победа во Серија А и тоа против Торино кој беше совладан на „Олимпико“ со 1-0.
Клучниот момент се случи во 20 минута кога Дибала успеа некако да ја смести топката во мрежата на „биковите“.
- Победата беше од суштинско значање за нас. Беше тешка недела за нас. Очигледно, ги разбираме навивачите, но денешниот натпревар беше толку важен на сите фронтови.
- Моравме да победиме, да одиграме добро и да дадеме нешто повеќе бидејќи, на крајот на денот, ова е игра. Можете да изгубите, но секогаш мора да давате се од себе. Многу сум разочаран од играта против Фиорентина. Морав да испратам порака, а победата беше клучна, -рече Дибала кој проговори и за погодокот.
- Не знаев каде сум. Знаев дека голот е празен бидејќи голманот беше пред мене. Мислев дека голот е таму, па само ја шутнав топката. За среќа, влезе, но не знаев каде сум, - откри Аргентинецот.