Заработува 100 милиони евра по сезона! Го чистеше теренот за време на паузата

Точка

01/11/2024

23:51

5.434

Големина на фонт

а а а

Ал-Итихад на домашен терен го победи Ал-Ахли со 1:0 во деветтото коло од шампионатот на Саудиска Арабија. Стрелец на единствениот гол беше Салех Ал Шехри во 42. минута, но вниманието на јавноста не го привлече тој потег кој го реши победникот, туку тој на францускиот играч за врска Н’Голо Канте.

Навивачите на домашната екипа го прекрија теренот со жолто-црни знамиња, кои Канте ги собра додека соиграчите и противниците ја искористија паузата за да се напијат вода и на тој начин да се освежат за продолжението на натпреварот. 168 сантиметри високиот Французин, познат како одличен дефанзивен играч за врска, повторно заработи пофалби од фудбалските фанови на социјалните мрежи.

„Требаше да ја освои Златната топка“, „За кој клуб и да игра Канте, не можете а да не го сакате“, „Канте има сè што треба да има еден маж и еден фудбалер“, „Требаше да остане во Челзи“, „Нема хејтери“, „Канте е толку скромен“, „Сите го сакаат Канте. ФИФА треба да додели награда по него“ и „Ова е толку слатко“ се само дел од коментарите на објавата на англиски новинарот Бен Џејкобс, кој сподели видео од Канте како ги собира знамињата.

Канте заработува 100 милиони евра по сезона

Во 2018 година, Канте го освои светскиот шампионат со Франција. Во кариерата настапуваше за Суренес, Булоњ, Каен, а во Челзи пристигна во 2016 година од сензационалниот англиски шампион Лестер Сити. Трансферот беше вреден 35,8 милиони евра. Во лондонскиот клуб остана седум години и за тоа време одигра 269 натпревари и освои пет трофеи.

Тој замина во Ал-Итихад како слободен играч откако му истече договорот со Челзи. Во саудискиот клуб заработува 100 милиони евра по сезона, но фудбалските следбеници сè уште го паметат по неговата скромност, поради што го нарекуваат „најскромниот фудбалер на светот“.

На пример, поранешниот соиграч на Канте од Каен, Фелипе Саад, раскажа како го поканил на неговиот роденден пред три години. „Го поканив Канте на мојот роденден, тоа беше мала забава. Тој одеднаш пристигна во ресторанот со кутија чоколади, целиот засрамен. Се извини за подарокот и рече дека не знаел што да ми донесе бидејќи никогаш не бил поканет до роденден“, се сеќава Саад.

Рудигер: Сè со Канте е автентично

Дефанзивецот на Реал и поранешен соиграч на Канте од Челзи, Антонио Рудигер, го кажа следново: „Сè за Канте е автентично. Дури и Мини Куперот. Луѓето му се смеат, но зад него има вистинска приказна. За него беше сон да стигне до Премиер лигата бидејќи доаѓа од местото од каде што доаѓа, а "Mini" беше првиот автомобил што го купи кога пристигна во Англија, така што тоа не е само автомобил за него.

Канте го привлече вниманието и со долгото возење "Mini Cooper" иако веќе заработуваше милиони евра. Но, тој автомобил подоцна го замени со "Mercedes".