„Dioptra Optics“ ексклузивно ја претстави најновата колекција на Valentino очила во Македонија

Точка

01/11/2024

10:00

18.597

Големина на фонт

а а а

Водечкиот македонски дистрибутер на луксузни брендови за очила Dioptra Optics, продолжува да ги поставува трендовите со синоќешното лансирање на најновата колекција на очила од Valentino, за време на ексклузивен настан кој обедини многу љубители на модата, влијателни личности и локални тренд-сетери.

„Dioptra“ уште еднаш успеа да го доближи глобалниот луксуз до домашните клиенти на настан кој ги спои стилот, иновацијата и елеганцијата, совршено отсликувајќи ја најновата колекција на брендот „Valentino“. Истата е составена од модели кои го отелотворуваат италијанскиот дух на софистициран дизајн, реализиран преку врвна јапонска технологија од чист титаниум. Добиениот резултат се ексклузивни очила создадени само за оние чиј напреден вкус ја цени префинетоста и извонредноста.

Настанот се одржа во уникатната концепт-продавница „Dioptra Couture“ во строгиот центар на Скопје, која е препознаена како една од најубавите и најреномирани оптики на светско ниво.



„Преку нашите соработки со светски признати брендови, успеавме да ја збогатиме македонската модна сцена со ексклузивни колекции кои претходно беа достапни само во модните центри како Париз, Милано и Њујорк,“ изјави Марија Костуранова, сопственичка на „Dioptra Optics“. „Нашата мисија останува да го понудиме само најдоброто, поставувајќи висок стандард за квалитет и дизајн во оптиката и веруваме дека токму тоа го заслужуваат нашите клиенти.“









Koмерцијален текст