Манчестер Сити доби двоен удар во осминафиналето на Лига Купот, бидејќи англискиот шампион од една страна претрпе пораз и елиминација од Тотенхем, но најверојатно остана и без еден од најдобрите играчи од стартот на сезоната.
Проблемите со повредени фудбалери му носат се поголеми главоболки на Пеп Гвардиола, а од синоќа Шпанецот ќе мора да се моли и за најдоброто летно засилување.
Савињо се повреди во второто полувреме од мечот во Северен Лондон, но веднаш стана јасно дека станува збор за посериозна повреда на зглобот, поради која Бразилецот го напушти теренот на носилки и со солзи во очите.
Овие сцени не се воопшто добра најава за медицинските тестови кои следат, а стравувањата се дека десното крило може да паузира неколку месеци.
Покрај Савињо, Гвардиола поради повреди не може да смета и на Вокер, Аканџи, Родри, Де Брујне, Оскар Боб, Доку и Грилиш.
Savinho was in tears as he was stretchered off for Man City vs. Tottenham with an injury. pic.twitter.com/36r0Z4OK0a
— ESPN FC (@ESPNFC) October 30, 2024
Wishing you a speedy recovery, Savinho! 🥺💔 pic.twitter.com/gYWgtniqnA
— City Xtra (@City_Xtra) October 30, 2024