[ВИДЕО] Жената била со дете во возилото кога влетала во училишниот двор во Австралија убивајќи момче: Познати детали за трагедијата

Макфакс

30/10/2024

10:58

332

Големина на фонт

а а а

Жена возејќи го своето дете од училиште во предградието на Мелбурн, Хоторн Ист, во вторникот удрила во училишната ограда, при што загинал 11-годишниот Џек Дејви, објавија денеска австралиските медиуми.

Директорот на основното училиште кое го посетувало настраданото момче изјавил дека смртта на 11-годишното дете е „целосна трагедија“, пренесува Скај Њуз.

Во вторникот околу 14 часот и 30 минути, жена (40) се обидела со својот автомобил да сврти, но ја пробила оградата од училишниот двор и удрила во надворешна маса на која седеле пет деца.

Џек Дејви по несреќата бил пренесен во болница со тешки повреди, но подоцна починал.

Две 11-годишни девојчиња, како и 10-годишно девојче и момче, исто така се тешко повредени и пренесени во болница, соопшти полицијата на Викторија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг