Збогум за евтиниот "Tesla" автомобил: Маск стави крај на таа приказна

Точка

29/10/2024

19:08

1.103

Големина на фонт

а а а

"Tesla" ќе ги насочи сите напори на развојот на автономното возило "Robotaxi".

Долго време се шпекулираше дека "Tesla" ќе понуди достапен електричен компактен автомобил, кој би требало да се продава по почетна цена од 25.000 долари.

Шпекулациите беа поттикнати од неофицијални изјави кои доаѓаа од самата компанија. Но, сега целата приказна е завршена.


„Мислам дека многу јасно ставивме до знаење дека иднината е автономна. Мислам дека е бесмислено да се има обичен модел од 25.000 долари. Би било глупаво и спротивно на она во што веруваме“, рече извршниот директор и косопственик на компанијата, Илон Маск во обраќање до акционерите и јавноста.

"Tesla" еднаш дури сподели и тизер фотогорафија од несудениот "Model 2" на своето годишно собрание на акционери минатата година.


Сега компанијата ќе ги насочи сите свои напори на развојот на моделот "Robotaxi". Се проценува дека ова автономно возило ќе чини околу 30.000 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг