Нетанјаху: Се надевам дека по војната ќе постигнам мировни договори со неколку арапски земји

Макфакс

28/10/2024

20:37

274

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се надева дека ќе постигне мировни договори со неколку арапски земји кога ќе заврши израелската војна против Хамас и Хезболах.

„Денот откако Хамас повеќе нема да ја контролира Газа и Хезболах и веќе не е на нашата северна граница, ќе работиме на планови за стабилизирање на тие два фронта. Но, еден ден подоцна вклучува нешто друго од исклучително значење“, рече Нетанјаху во говорот во парламентот.

Тој посочи дека се стреми да го продолжи процесот што го водел пред неколку години по потпишувањето на историскиот Абрахамски договор и да постигне мир со неколку арапски земји.


„Овие и другите земји јасно ги гледаат ударите што ги нанесуваме на оние што не напаѓаат, иранската оска на злото. Тие се стремат, како и ние, за стабилен, безбеден и просперитетен Блиски Исток“, рече Нетајаху, пренесува Танјуг.

Според договорите од 2020 година со посредство на САД, Израел ги нормализираше односите со четири арапски земји – Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан.

После тоа, Израел со поддршка на САД се обиде да постигне договор со други земји, особено со Саудиска Арабија.

Сепак, Ријад најави дека нема да го признае Израел додека не се создаде палестинска држава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг