[ФОТО] Студент (24) заминал во Турција на трансплантација на брада, па си го одзел животот 4 месеци подоцна: Откриена морничавата тајна за хирургот кој го оперирал

Точка

28/10/2024

20:54

2.177

Големина на фонт

а а а

Французинот Матје Вижие Латур (24) во март отпатувал во Турција за да добие погуста брада со помош на трансплантација, но набрзо сè тргнало наопаку и четири месеци подоцна се самоубил во својата соба.

Жак Вижие Латур, неговиот татко, одлучил јавно да ги објави сликите и да ја раскаже несреќната приказна со цел да им помогне на другите и да спречи вакво нешто да се повтори.

На Матје му била извршена трансплантација во Истанбул, која не успеала и останал без влакна, а му горела брадата. Тој и платил 1.300 евра, што е пет пати помалку отколку во Франција.


По неуспешната интервенција тој бил психички непрепознатлив. Заболел од дисморфија, ментално растројство кое предизвикува личноста да биде толку фокусирана на некоја мана на лицето или телото што ѝ предизвикува емоционална болка и ги попречува секојдневните активности. Затоа и ставил крај на животот.

Се покажало дека хирургот кој ја извршил трансплантацијата всушност бил агент за недвижнини, и покрај тоа што Матје избрал клиника одобрена од турското Министерство за здравство.

Семејството два месеци барало лекар кој ќе може да ја поправи оваа неуспешна процедура, но не успеале да најдат во Франција. Таткото на Матје вели дека тој многу се чешал и дека деноноќно сè го печело.


Во Белгија, Жан Девроа е лекар специјализиран за трансплантација на коса веќе 25 години. Тој ја презел грижата за младиот човек и открил дека влакната се исправени, како еж. Матје се гледал себеси многу полошо отколку што бил во реалноста бидејќи страдал од дисморфија и посттрауматски шок.

„Сум видел многу полоши, ужасни работи. Бевме во процес на корекција на штетата, но главната причина за неговата болка е чувството дека бил измамен од клиниката“, открил Девроа.


Таткото на несреќниот студент контактирал со медиумите со цел да не се повтори нешто слично и да му оддаде почит на својот починат син.




Спонзорирани линкови

Маркетинг