Бајден гласа денеска на претседателските избори. Очите на светот се вперени во 7 клучни држави, Трамп и Камала изедначени

Точка

28/10/2024

16:45

767

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Џозеф Бајден најави дека денеска ќе гласа предвреме на претседателските избори, соопшти Белата куќа.

Изборните прописи во САД им дозволуваат на многу Американци да гласаат однапред, пред денот на изборите, 5 ноември, пренесува Ројтерс.

На почетокот на оваа година, Бајден одлучи да се повлече од претседателската трка и ја препушти кандидатурата на Демократската партија на американската потпретседателка Камала Харис, која сега се натпреварува со републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп.


Последните анкети покажуваат дека Трамп и Харис водат многу неизвесна изборна трка, особено во седум сојузни држави, од кои Пенсилванија се смета за најважна.

Седум дена пред претседателските избори во САД, најголемо внимание е насочено кон резултатите во Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Џорџија, Аризона, Северна Каролина и Невада.




Спонзорирани линкови

Маркетинг