[ВИДЕО] „Тато, срцето ме боли“ – Таткото на тинејџерката која почина по вадење заб откри што ѝ претходело на трагедијата: „Чекаше да ме гушне, за да ми каже …“

Точка

21/10/2024

22:50

11.670

Големина на фонт

а а а

Шеснаесетгодишната тинејџерка Џејла Драпиќ од Сараево почина на 11 октомври по компликации од операција на забите.

Нејзиниот татко Муамер Драпиќ гостуваше во „Централниот дневник“ во Босна Херцеговина каде проговори за оваа шокантна ситуација.

„Се случи детето да го однесеме кај стоматолог кој ѝ ги лекуваше забите, неколку од нив, но, според него, еден, тој заб, бил ризичен. Кога го залечи забот рече дека е нормално да чувствува болка на топло-ладно! Пред крајот на септември забот почна повеќе да ја боли, почна да отекува! Првпат ја видов како плаче кога ѝ прават заб! Наводно ја снимал, го отворил забот, го исчистил, во што е проблемот, ни вели: ’Има тука, нешто се случува … ‘ Реков: ’Вадете докторе.‘ Тој ми одговори: ’Не би го направил тоа, осмицата почнала да расте. Ќе се обидам да го излечам. Ако не успее, ќе го вадиме!‘“, зборувал таткото.


Потоа продолжил:

„Отидовме на општ лекар да ни даде антибиотици! Детето почна да пие антибиотици, ситуацијата стана уште полоша … Ѝ отекува вратот, три дена ништо не јаде. Сопругата повторно го контактираше, го предупреди дека ситуацијата е полоша. Тој во пораката вели: ’Само нека го исчисти забот од храната и нека продолжи со антибиотикот‘. Вели: ’Нека одмара … ‘ Така направивме. Лекарот ни советуваше завои, антибиотици. Детето малку заспа, се разбуди врескајќи говорејќи: ’Мамо, тато, срцето ме боли … ‘“, низ солзи зборувал Муамер.

Тој додал и дека доколку забот бил изваден, детето сега би било дома.

„Ме чекаше мене, да ме праша: ’Тато сакаш кафе?‘ Да ме гушне“, зборувал таткото на тинејџерка чија смрт го потресе целиот регион.

Сараево со денови е обвиено во црно по веста дека тинејџерка (16) починала поради компликации при стоматолошка процедура во приватна ординација во Сараево.

Како што пишуваше српски „Курир“, шеснаесетгодишно девојче го загубило животот во Универзитетскиот клинички центар (КЦУС) во Сараево.

Лекарите од КЦУС вложиле максимални напори да ја спасат, но исходот бил фатален и девојчето починало.

По вадењето на забот во приватна ординација, ситуацијата наеднаш се влошила. Гнојот од забот се проширил по вратот, предизвикувајќи сериозна инфекција која резултирала со развој на сепса.

Започната е истрага

Обдукцијата ќе ја покаже точната причина за смртта, а за целиот случај е информирано и Обвинителството на кантонот Сараево, кое поведе истрага за утврдување на околностите кои довеле до овој трагичен исход. Родителите на девојчето во шок и болка бараат правда и одговорност за смртта на нивното дете.

„Постапката е во тек, се вршат проверки, односно се преземаат дејствија за проверка и утврдување на сите околности на смртта. Со оглед на тоа дека се работи за малолетно лице, Обвинителството КС не може да даде повеќе информации.“


Се огласиле и од приватната стоматолошка ординација

„На социјалните мрежи и на другите медиуми во различни објави и коментари поврзани со смртта на шеснаесетгодишно девојче се објавуваат целосно непроверени и невистинити информации кои се обидуваат да се поврзат со нашата пракса.

Со ова го изразуваме нашето длабоко жалење за трагичната загуба на една млада пациентка и ја користиме оваа прилика да испратиме искрено сочувство до нејзините родители и роднини.

За волја на вистината, сакаме да појасниме дека на 30.09.2024 година, пациентката поради забоболка ја посети нашата ординација каде ѝ беше овозможена потребната стоматолошка услуга. Според нашите сознанија, пациентката следниот ден го продолжила лекувањето во друга здравствена установи.

Апсолутно не се точни тврдењата кои се појавуваат во јавноста, конкретно дека во нашата ординација е извршена екстракција (вадење) на заб. Обезбедениот медицински третман беше целосно во согласност со валидните медицински процедури во вакви случаи.

Оваа ситуација длабоко нè погоди и ја истакнуваме нашата целосна подготвеност и посветеност да соработуваме со надлежните органи, сè со цел да се утврди вистината за овој случај и за нашата стоматолошка ординација. Очекуваме во потполност да се истражи случајот, односно целокупниот тек на лекување и целокупната здравствена состојба на пациентката“, навеле од стоматолошката ординација „Мекиќ др. Харис“.

Инаку, обвинителството на КС потврди дека го истражува овој случај, а од КЦУС соопштија и дека поради ваквата трагична смрт на 16-годишно девојче, раководството на КЦУС и Министерството за здравство на К.С. побарале да се изврши внатрешен стручен надзор над третманот на починатата пациентка за да се утврдат сите факти и целосниот тек на лекувањето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг