Јотова: Лично ги видов документите на Божиновска во кои таа изјавува дека има бугарска самосвест, се огласи и Мицкоски

Макфакс

18/10/2024

16:25

1.236

Големина на фонт

а а а

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова тврди дека лично ги видела документите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во кои таа изјавува дека има бугарска самосвест и потекло, јавува БТА.

Илијана Јотова во обраќање од Ќустендил ги повика и своите македонски колеги со поголемо разбирање да ги читаат европските вредности.


Таа кажа дека почитувањето на човековите права е клучно во преговорите за членство во ЕУ, особено во првото поглавје.

Јотова рече дека ако една земја членка смета дека од страна на земјата кандидат не се почитуваат човековите права и правата на малцинствата, процесот кон ЕУ не може да продолжи.


Мицкоски: Јотова советите да ги упати до бугарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини

Во однос на изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, која ги повика македонските власти „да ги читаат европските вредности со поголемо разбирање“, премиерот Христијан Мицкоски рече дека постојат, за жал, земји членки на ЕУ што не ги почитуваат европските вредности.


„Колку што сум информиран, апсолутно ние како држава ги почитуваме и постапуваме доколку постојат такви пресуди од институцијата која е одговорна да носи одлуки за почитување и непочитување на човековите права, тоа е Судот за човекови права во Стразбур. За жал, имаме земји членки во Европа што имаат десетици такви пресуди што не ги почитуваат. Претпоставувам тоа ќе важи и за земјите членки, не само за кандидатите. Јас би сакал да ја упатам Јотова овој совет да го даде и кон тие земји членки кои треба, конечно, да ги почитуваат и кои се испречени пред можни санкции за почитување на човековите права. Еве имаме такви 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија. Еве ги повикувам истите овие што ни даваат нам совет да ги советуваат и бугарските власти да може да дозволат македонската заедница барем да се организира во невладини организации. Ние не бараме да бидеме дел од Уставот, барем од тоа што таму сум го слушнал, туку да се организираат во невладини организации. Тоа е нешто што може да го направат во таа насока бидејќи јас колку што знам, Бугарија како држава е потписник на Резолуцијата за заштита на човековите права. Така некако би бил мојот коментар“, рече Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг