Шамар за Путин од моќниот принц! Ја одби поканата за самитот на БРИКС, сега се заканува дека ќе ја спушти цената на нафтата на 50 долари и ќе ја запре руската воена машина

Точка

18/10/2024

22:50

2.163

Големина на фонт

а а а

Саудискиот престолонаследник не доаѓа на самитот на БРИКС во Русија, а Ријад може да ја намали и цената на нафтата.

„Медениот месец“ во односите на Русија со Саудиска Арабија, клучниот партнер на Кремљ на светскиот пазар на нафта, се чини дека е при крај.

„Москва тајмс“ пишува дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, за кого овој медиум тврди дека де факто го држи тронот во таа земја, ја одбил поканата за учество на самитот на БРИКС што ќе се одржи од 22 до 24 октомври во Казан, Русија.

Се потсетува дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров минатиот месец најави дека претседателот Владимир Путин би сакал да го види Бин Салман на тој самит, кој властите во Москва го прогласија за „најзначајниот надворешнополитички настан во руската историја“, но Ријад одби.


- Саудиска Арабија ќе испрати министер за надворешни работи - изјави минатата недела Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на Путин.

Тој не ги објасни причините за ваквата одлука на саудискиот принц, но напомена дека западните земји вршат притисок врз партнерите на Русија и дека „се закануваат со последици доколку отпатуваат во Казан“.

Рускиот сајт потсетува дека Саудијците не се приклучија на санкциите против Москва и дека од почетокот на војната во Украина се клучен сојузник на Кремљ кога е во прашање нафтениот пазар.


Иако администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во есента 2022 година го убеди Ријад дека го зголеми производството на „црното злато“ со цел да се покрие дупката на пазарот создадена со воведувањето на ембаргото за увоз на руска нафта, Бин Салман остана лојален на сојузот со Путин, па дури и го намали производството на два милиони барели дневно.

Мотивот за тоа беше да се задржи цената на нафтата блиску до 100 долари за барел, но две години подоцна расположението во Ријад почна да се менува, па Саудијците се повеќе се загрижени за намалување на нивниот удел на пазарот и имаат намера да го зголемат производството, дури и ако тоа значи дека на долг рок ќе издржат пониски цени.


Принцот Абдулазиз бин Салман, саудискиот министер за енергетика, рече дека некои земји-членки на ОПЕК +, особено Казахстан и Ирак, не ги почитуваат производствените квоти и се закани дека цената на барел сурова нафта може да падне на 50 долари.

Лук Купер, научен соработник во Лондонската школа за економија, вели дека „би било најлошото можно сценарио за Русија“, бидејќи падот на цената на нафтата на нивото што беше помеѓу 2014 и 2016 година ќе му отежне на Путин да ја „финансира воената машина“.


Руската влада го проектира буџетот за оваа година врз основа на цената на нафтата од 70 долари за барел, а за следната по слична цена од 69,7 долари за барел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг