Сеул: Северна Кореја разнесе патишта во близина на границата со Јужна Кореја

Макфакс

15/10/2024

08:07

964

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја разнесе делови од пат од својата страна на силно милитаризираната граница меѓу двете Кореи, соопшти началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Околу пладне по локално време, разнесени се делови од патот северно од воената демаркациона линија меѓу двете земји, соопшти Здружениот штаб. Јужнокорејската војска го засили надзорот и подготвеноста да одговори, се додава.


Сеул претходно предупреди дека Пјонгјанг планира да разнесе патишта. Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемија откако Северна Кореја ја обвини Јужна Кореја дека испраќа беспилотни летала над нејзиниот главен град Пјонгјанг.

Северна Кореја во петокот соопшти дека беспилотните летала фрлиле „голем број“ непријателски летоци врз Пјонгјанг, што го гледа како политичка и воена провокација што може да доведе до вооружен конфликт.

Портпаролот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја одби да каже дали јужнокорејската војска или цивили летале со наводните беспилотни летала во понеделникот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во понеделникот се сретна со претставници на одбраната и безбедноста, а темата на разговорот беше одговор на „сериозна непријателска провокација што го наруши суверенитетот на Северна Кореја“, објави севернокорејскиот државен медиум КЦНА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг