Австралија ги повика граѓаните да го напуштат Израел додека се уште има летови

Макфакс

15/10/2024

08:14

1.125

Големина на фонт

а а а

Австралија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Израел и ги повика Австралијците таму да ја напуштат земјата додека се уште се достапни комерцијалните летови, наведувајќи го конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

„Австралиската влада е сериозно загрижена дека безбедносната ситуација во Израел и окупираните палестински територии може брзо да се влоши“, изјави синоќа на социјалната мрежа „Икс“ министерката за надворешни работи Пени Вонг.


Останува висок ризик од воени и терористички напади врз Израел, предупреди советодавната канцеларија на австралиската влада за патувања.

Некои авиокомпании ги намалија или суспендираа летовите за Израел откако ескалацијата на конфликтот предизвика затворање на воздушниот простор, се вели во предупредувањето.


Израел вчера ги прошири своите цели во војната со Хезболах, при што загинаа најмалку 21 лице во воздушен напад во северен Либан, соопштија здравствените власти, додека милиони Израелци се засолниле од проектилите истрелани од границата.

Четворица израелски војници беа убиени во централниот дел на Израел во неделата, откако Хезболах го нападна Израел со беспилотни летала.