Деми Мур за состојбата на Брус Вилис: Во стабилна состојба е, се видовме пред два дена

Точка

14/10/2024

14:58

3.692

Големина на фонт

а а а

Актерката Деми Мур зборуваше за здравствената состојба на својот поранешен сопруг Брус Вилис.

Мур вели дека Брус е во стабилна состојба

И покрај тоа што се разведоа во 2000 година, Деми продолжи да има близок однос со поранешниот сопруг, а заедно имаат три ќерки. Во текот на нејзиниот говор на Меѓународниот филмски фестивал во Хемтонс, во недела, Деми зборуваше за Брус.

„Го кажав ова и порано. Болеста е таа. Мислам дека за неа мора да се има длабоко разбирање. Тој е во стабилна состојба“, вели Мур.


„Она што секогаш го поддржувам е да ги запознавате луѓето во онаа состојба во каква што се. Кога го имате предвид само минатото, тогаш мислам дека тоа е изгубена игра. Кога ќе ги запознаете онакви какви што се сега, ја сфаќате убавината и сладоста“, додаде Мур.

Неодамна се виделе

Мур исто така откри дека го видела Брус, само два дена пред доаѓањето на филмскиот фестивал, а го посетила во неговиот дом заедно со внуката Лует, ќерката на Румер Вилис.


Инаку, Брус Вилис ретко се појавува во јавноста откако во 2022 година му беше дијагностицирана афазија, нарушување на говорот, а подоцна болеста напредуваше до фронтотемпорална деменција.

Што е фронтотемпорална деменција?

Се работи за редок облик на деменција којашто предизвикува проблеми со однесувањето и говорот. Понекогаш се нарекува и „Пикова болест“ или деменција на фронталниот лобус.


Првите видливи симптоми се промените во карактерот и однесувањето и тешкотии со говорот. Овој вид на деменција се однесува на фронталниот или темпоралниот лобус на мозокот, којшто се оштетува како последица на болеста. Не е познато што ја предизвикува болеста, но честопати постои генетска компонента.