Трагична вест: На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

Точка

12/10/2024

19:04

3.748

Големина на фонт

а а а

Ненадејно почина Алекс Салмонд (69) од Шкотска за време на 15. издание на Школата за млади лидери во Охрид.

Алмонд е роден во 1954 година. Тој починал околу 15.30 часот во хотелот „Инекс Горица“.

Според МВР, во СВР Охрид денеска во 15.30 часот било пријавено, а странскиот државјанин починал во хотелот „Инекс Горица“.


Итната медицинска помош, полицијата и основниот јавен обвинител утврдиле смрт, а ќе следи обдукција за утврдување на причините.

Алмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.

– За жал, Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска кој беше еден од панелистите на вчерашниот форум за културна дипломатија што се одржа во Охрид, денеска ненадејно почина, информираат од Канцеларијата на Иванов.


Претседателот Иванов изразува длабоко и искрено сочуство до семејството. Во негова чест, како што информираат за МИА од Кабинетот на Иванов, вечерва ќе се одржи комеморација на која ќе се обрати поранешниот претседател Иванов, заменикот генерален секретар на ОН Моратинос како и дел од учесниците на форумот. На комеморацијата ќе присуствува и претседателката Сиљановска Давкова.

Алмонд беше шкотски политичар, економист и телевизиски водител, кој беше премиер на Шкотска од 2007 до 2014 година. Истакната фигура во шкотското националистичко движење, Салмонд беше лидер на Шкотската национална партија (СНП), во два наврати, од 1990 до 2000 година и од 2004 до 2014 година. Тој беше заменик лидер на партијата од 1987 до 1990 година.