„Lionsgate Movies“ го објави трилерот за акциониот филм „Armor“, во режија на Џастин Рут, со Силвестер Сталоне во главната улога.
Во овој филм, Сталоне се враќа на акциониот жанр и ја игра улогата на главниот негативец којшто планира голем грабеж.
Главните ликови на акциониот трилер се таткото и синот Џејмс (Џејсон Патрик) и Кејси (Џош Вигинс) коишто работат во службата за обезбедување и ја превезуваат пратката за којашто не знаат ништо.
Нив ги напаѓа искусна екипа на ограбувачи предводена од Сталоне, којшто мисли дека како и порано ова ќе биде уште еден лесен грабеж. Меѓутоа, ограбувањето на оклопното возило не се одвива толку лесно, а Џејмс и Кејси остануваат заробени сè додека не ја откријат вредноста на она што го превезуваат и одлучуваат да се здружат за да ги надмудрат напаѓачите.
Во филмот се појавуваат и Даш Михок, Џејсон Патрик, Лејни Стибинг, Ерин Оунби, Џеф Чејс, а сценариото го напишале Кори Тод Хјуз и Адриан Спекерт.
Откако беше објавен трилерот за филмот, тој не доби премногу добри критики. Многумина коментираа дека веќе претпоставуваат каков ќе биде крајот на филмот, но сепак ќе го гледаат поради Силвестер Сталоне.
„Гледам дека пишува Сталоне, така што ќе го гледам“, „Веќе гледам дека филмот е без врска, но акцијата со Сталоне не се пропушта“, „Само имајте предвид дека Сталоне има 78 години и сè уште снима вакви филмови“, „Мислам дека со оглед на годините и сите други филмови кои ги снимил, заслужува да се одгледа овој и овој филм“, беа само дел од коментарите под објавениот трилер.