Бред Пит откри која улога му го сменила животот: „Научив многу работи“

Точка

12/10/2024

15:01

4.220

Големина на фонт

а а а

Бред Пит неодамна откри дека улогата на Дон Колиер во филмот „Fury“ му го сменила животот.

Една од најдобрите работи во актерството е можноста да одглумите различни улоги, но и да научите многу работи, како што е свирењето на музички инструменти, ракување со оружје и сл.


Меѓутоа, Бред Пит на почетокот можеби не бил свесен дека новото искуство при снимањето на филмот „Fury“ на режисерот Давид Ајер од 2014 година, ќе му го смени начинот на размислување.

„Научив многу работи од овој филм. Сите си заминавме апсолутно „збогатени“. Оваа улога е вистинска студија за управувањето и учењето на стекнување почит, и поради тоа сега сум подобар татко“, изјави Пит.


Пит исто така смета дека се здобил со поголемо разбирање за тоа како било да се управува со тенк во текот на Втората светска војна и се надевал дека нивната кинематографска интерпретација ќе успее да ги покаже вистинските ветерани.

„Овој филм зборува за исцрпеноста на војникот од студот, гладта и ефектот на акумулацијата на дневна база. Со сето срце го прифативме тоа. Се надевам дека војниците ќе се препознаат во ова (улогата)“, додаде Пит.


Станува збор за филм чиешто дејство се одвива во Германија во текот на Втората светска војна, каде пет војници се возат во тенкот „Sherman“ со цел да ги убијат германските војници. Пит ја одиграл улогата на наредникот Дон Колиер наречен „Wardaddy“, а останата актерска екипа ја сочинуваат: Лорган Лерман, Шиа Лабеуф, Мајкл Пена и Џон Бернтал.