Постариот Џака за Гранит: Му реков да не игра против Србија, но сите го знаеме…

Дерби

10/10/2024

12:49

2.247

Големина на фонт

а а а

Во сабота Србија е домаќин на Швајцарија во рамките на третото коло во Лигата на нации, меч кој ќе се игра во Лесковац, меч кој е интересен поради повеќе работи меѓу кои и доаѓањето на Гранит Џака.

Познато е Џака дека има албанско потекло и има историја во дуелите со српската репрезентација, па сигурно нема на најдобар начин дочекан од фановите, односно ќе постои одредена тензија.

Сепак членот на Баер Леверкузен му е на располагање на селекторот Мурат Јакин за овој натпревар иако имал сугестии од постариот брат Таулант едноставно да го скокне ова гостување кај нашите северни соседи.

- Не можев да поверувам кога ја видов ждрепката. Јасно ми е каков притисок и емоции ќе ги носат овие натпревари. Му се јавив на брат ми и му предложив да разговара со селекторот Јакин и да го прескокне натпреварот во Србија. Но, сите знаеме каков е брат ми, тој сака да го игра секој натпревар за Швајцарија.

- Не е лесно да се држите под контрола цели 90 минути кога емоциите се на високо ниво. Гранит мора да остане смирен, да се фокусира на фудбалот, да игнорира провокации. И повторно, тоа е лесно да се каже, - истакнал Таулант за „Блик“.