Неверојатно: Корисниците на „iPhone“ им се потсмеваат на сопствениците на „Android“ телефони, а на некои им е важен и моделот на телефонот при изборот на партнер

Точка

09/10/2024

19:28

6.543

Големина на фонт

а а а

Исмејувањето понекогаш е толку вообичаено што некои сопственици на „Android“ размислуваат да се префрлат на „iPhone“.

Како и со многу работи во животот, изборот на паметен телефон е резултат на некои лични преференци, желби и можности. Постојат само два избора на пазарот денес кога станува збор за оперативните системи – или ќе купите „Android“ или „iPhone“ на „Apple“.

Иако врвните „iPhone“ телефони и најмоќните „Samsung“, „Xiaomi“ и уредите од други производители се врвни телефони, и кој и да го купите, нема да погрешите бидејќи доаѓаат со напреден хардвер, одлични екрани и камери со кои можете да правете фантастични фотографии, уредите на „Apple“ сè уште се гледаат од некои како статусни симболи.


Неодамнешното истражување спроведено на примерок од илјада испитаници во САД од страна на новинари од страницата „All about cookies“ покажува интересни, би можело да се каже и доста неверојатни резултати поврзани со начинот на кој некои сопственици на „iPhone“ гледаат на сопствениците на уредите кои работат на мобилниот оперативен систем на „Google“.

Имено, повеќе од половина од анкетираните сопственици на „Android“ (поточно 52 отсто) велат дека корисниците на „iPhone“ ги исмејувале поради уредот што го користат, а повеќе од една четвртина од нив се чувствувале непријатно што користат „Android“ наместо „iPhone“, додека 24 отсто од нив биле изоставени од групните пораки поради истата причина. Уште поинтересно, поточно неверојатно е што за некои дури и типот на телефон што го користат може да влијае на нивниот љубовен живот. Имено, за 23 отсто од анкетираните (31 отсто од нив) е проблематично доколку личноста за која се заинтересирани користи „Android“ и тоа би можело да биде причината поради која не би отишле на состанок со таа личност.


Поради сето горенаведено, односно исмејување и притисок од околината и врсниците, дури 30 отсто од сопствениците на „Android“ размислуваат за промена на платформата и купување на „iPhone“.

Интересно е што ова е толку чувствителна тема во САД што неодамна Министерството за правда го повикало „Apple“, а во тужбата нагласи дека корисниците на „Android“ се чувствуваат стигматизирано и изолирано бидејќи кога се допишуваат со корисниците на „iPhone“, нивните пораки се прикажуваат во зелен балон, додека кореспонденцијата на корисниците на iPhone е прикажана во сино балонче. Ваквото исмејување на „зелените балони“ е особено честа појава кај тинејџерите.