Истрелани се околу 180 проектили од кои повеќето се пресретнати, тврди израелската армија

Макфакс

01/10/2024

21:04

477

Големина на фонт

а а а

Израелската војска соопшти дека идентификувала околу 180 проектили истрелани кон Израел од Иран.

Претставник на израелската безбедност, исто така, рече дека израелските воздухопловни сили „дејствувале наефективен и прецизен начин“, пресретнувајќи ги повеќето проектили.


Сепак, идентификувани се неколку удари и се проценува штетата.

Наспроти тоа, претходно иранската државна телевизија објави дека 80 отсто од околу 200 проектили истрелани кон Израел ги погодиле нивните цели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг