Грозоморното убиство на боксер ја потресе Америка, брутално ликвидиран на улица со седум куршуми

Точка

01/10/2024

11:51

15.573

Големина на фонт

а а а

Трагична вест доаѓа од Лос Анџелес, каде професионалниот боксер Мајлик Бирдсонг почина на 31-годишна возраст откако беше застрелан.

Бирдсонг се здобил со седум прострелни рани во горниот дел од телото додека стоел пред автомобилот со својата девојка.

Напаѓачите пукале од друго возило, а боксерот се обидел да побегне кон неговата куќа, но осомничените излегле од автомобилот и продолжиле да пукаат во него.


Бирдсонг бил прогласен за мртов по пристигнувањето во болницата, а мотивите за нападот сè уште не се познати.

Се шпекулира дека тој бил поврзан со озлогласена банда во јужниот централен Лос Анџелес, но полицијата не ја потврди оваа информација.


Сторителите сè уште се на слобода, а Бирдсонг требаше да се бори со Гор Јерцјан на крајот на октомври.