[ФОТО] „Фустанот“ на Џиџи Хадид кој собра многу коментари: Манекенката се прошета на пистата со самолеплива лента

Точка

29/09/2024

13:01

30.596

Големина на фонт

а а а

Џиџи Хадид беше во центарот на вниманието поради својот изглед на ревијата на брендот „Vetements“, како дел модната недела во Париз, на којашто се појави облечена во „фустан“ направен од жолта самолеплива „DHL“ лента.

Манекенката се прошета на ревијата, на којашто беше претставена колекцијата за пролет/лето 2025, носејќи жолт, мини фустан без прерамки, којашто потсетуваше на изгледот на Ким Кардашијан на ревијата на „Balenciaga“ во 2022 година.

Хадид својот изглед го комплетираше со штикли коишто исто така беа прекриени со „DHL“ лента, а се прошета заедно со музичарите Трејвис Скот и Џеј Балвин. На ревијата присуствуваа и други музички ѕвезди како што се: „Ice Spice“, „Bella Thorne“, „Normani“ и „Tom Daly“.

Кратката руса коса на Хадид беше во брановиден облик, а на лицето имаше неутрална шминка. Таа во еден момент дури и се сопна на пистата, но бргу успеа да ја врати рамнотежата.

Фустанот од „DHL“ самолеплива лента, привлече многу внимание, особено поради тоа што слични парчиња облека веќе беа дел од колекцијата на брендот „Balenciaga“.


Токму во 2022 година, Ким Кардашијан на ревијата на „Balenciaga“ носеше комплет составен од горен и долен дел којшто потполно се состоеше од жолта лента со натпис „Balenciaga“, заедно со култната „Hourglass“ чанта, која исто така беше прекриена со жолто – црна лента.