Фицо, кој едвај го преживеа атентатот пред неколку месеци, доби коверт со куршум

Точка

25/09/2024

16:31

1.225

Големина на фонт

а а а

Словачкиот премиер Роберт Фицо добил коверт со куршум од непознат испраќач, соопшти Владата. Случајот е препратен во полиција, потврдија за "Politico".

Заканата уследи по обидот за атентат врз Фицо во мај, кој ја шокираше Европа и ја разоткри длабоката поларизација на словачкото општество. Атентаторот е идентификуван како 71-годишниот Јурај Цинтула, кој рече дека не се согласува со политиката на актуелната власт.


Фицо е опериран неколку пати

Цинтула моментално е во притвор поради обвиненија за тероризам. Нему му се заканува затворска казна од 25 години до доживотен затвор. Фицо претрпе неколку операции откако се здоби со повреди опасни по живот во пукањето. Во првото обраќање по закрепнувањето тој ја обвини опозицијата за обидот за атентат.


Критичарите велат дека владата на Фицо ги копирала политиките на унгарскиот премиер Виктор Орбан, таргетирајќи ги медиумите, државните антикорупциски институции и "LGBTQ+" заедницата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг