Додека огромното мнозинство деца во светот пуштаат солзи радосници за роденденската торта, во Дубаи родителите не знаат што да прават со разгалените деца.
Нив веќе не ги интересираат роденденските игри или аниматорите, тие бараат „нешто повеќе“. Затоа што едноставно - им се може.
Така, на социјалните мрежи се појави видео од еден детски роденден во Дубаи, каде едно мало момче заедно со неговите пријатели воодушевено го прославил прекрасниот ден цртајќи по Ферари вредно 500.000 евра.
На видеото се гледа решението кое родителите го пронашле за да ги анимираат децата на роденденот, а станува збор за - цртање.
Но, за сè да биде поинтересно, тие не набавиле платна туку како платно користеле ново жолто Ферари, кое вреди 500.000 долари.
Додека родителите со задоволство ги набљудувале децата како уживаат додека го уништуваат скапоцениот автомобил, светот остана запрепастен од глетката.
„Не е само Дубаи, вака е и во Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин...“, „Ете на што родителите ги учат децата денес“, „Какви родители, такви деца“, „Ова не е проблем кога веројатно има уште 30 вакви модели во гаражата“, се само дел од коментарите на скандалозното видео од роденденската прослава.