Ембид ќе заработува 64 милиони долари по сезона

Макфакс

20/09/2024

16:57

237

Големина на фонт

а а а

Џоел Ембид е еден од најдобрите центри во денешната НБА и е член на Филаделфија Севентисиксерс од почетокот на кариерата.

Според Шемс Чаранија, моментално единствениот активен НБА инсајдер, Филаделфија ќе му плати на Џоел Ембид 193 милиони долари во следните три сезони.

Максималниот договор трае до 2028/29 година и тоа значи дека Ембид ќе заработува 64,33 милиони долари годишно, или ќе инкасира над 301 милион долари за пет години со стариот максимален договор.

Тоа е еден од најголемите договори во историјата на НБА.

Ембид дојде од Универзитетот Канзас во НБА во 2014 година кога Фили го избра од третата позиција на драфтот. Тој беше МВП во 2023 година и член на идеалната петорка.

Ембид е седумкратен Ол-стар, двапати водечки стрелец во лигата, четири пати член на втората најдобра петорка во лигата и три пати се најде во вториот најдобар одбранбен тим во лигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг