[ВИДЕО] Трчала покрај реката и наеднаш го слушнала гласот на Ед Ширан: „Еј, дали сакаш некоја песна“ – Пејачот на социјалните мрежи е во потрага по оваа девојка

Точка

20/09/2024

14:44

867

Големина на фонт

а а а

Ед Ширан бил среде снимање на видео за својот канал кога видел девојка како трча по каналот Регент во Лондон. Тој ѝ пеел, а таа весело го поздравила. Симпатичното видео музичарот го сподели на своите социјални мрежи, а голем број обожаватели беа воодушевени од неговиот гест.

Девојката на која Ширан ѝ пееше со гитара во рака, го снимала со мобилниот телефон, а музичарот ја прашал дали има некоја желба. Таа го замолила да го отпее неговиот хит „Tenerife Sea“ и Ширан без проблем го направил тоа.


Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а тој ги замоли своите обожаватели да му помогнат да ја пронајде девојката од видеото.

„Денеска снимав на каналот и пеев песна по барање на една девојка. Ако некој ја знае тркачката, нека ѝ јави, ние би сакале да ја видиме нејзината страна од видеото“, напишал тој во описот на објавата.

На 10 август, Ширан го имаше својот прв концерт на загрепскиот хиподром, кој го посетија околу 70.000 луѓе. Тоа беше 115-ти концерт од неговата „математичка турнеја“, а многу луѓе од целиот свет дојдоа во Загреб за да ја слушаат една од најголемите светски ѕвезди на денешницата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг