Трамп: Ако победи Камала, Израел ќе престане да постои во рок од две години

Макфакс

20/09/2024

10:38

244

Големина на фонт

а а а

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека еврејските американски гласачи ќе бидат делумно виновни доколку тој ги загуби изборите на 5 ноември и ако победи актуелниот потпретседател и кандидат на демократите Камала Харис.

Во говорот на Националниот самит на израелско-американскиот совет во Вашингтон, поранешниот американски претседател се пожали дека заостанува зад Харис меѓу американските Евреи.


„Израел веројатно ќе престане да постои во рок од две години доколку Харис победи на изборите, а Евреите ќе бидат делумно виновни за тој исход, бидејќи тие имаат тенденција да гласаат за демократи“, тврди Трамп.

„Ако јас не победам на овие избори, а еврејскиот народ, ако тоа навистина се случи, ќе има многу врска со тоа бидејќи 40 отсто, мислам, 60 отсто од нив гласаат за непријателот – Израел, според мое мислење, ќе престане да постои во рок од две години“, им рече Трамп на толпата.

Трамп се осврна на анкетата која покажа дека Харис освоила 60 отсто од гласовите меѓу американските Евреи. Во исто време, тој изрази жалење што на изборите во 2016 година, на кои победи, и на изборите во 2020 година, на кои победи демократскиот претседател Џо Бајден, доби помалку од 30 отсто од гласовите на американските Евреи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг