Фон дер Лајен: ЕУ ќе и даде на Украина 160 милиони евра од замрзнатите руски средства

Макфакс

19/09/2024

13:50

499

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека сума од 160 милиони евра од замрзнатите руски средства ќе биде доделена за задоволување на итните хуманитарни потреби на Украина за оваа зима.


Таа додаде дека електраната на гориво се демонтира во Литванија и ќе биде повторно изградена во Украина, каде што се уништени 80 отсто од термоцентралите во земјата, пренесува Ројтерс.

„Нашата цел е да го вратиме капацитетот од 3,5 GV, што е 15 отсто од потребите на Украина“, рече фон дер Лајен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг