Шефот на Мајкрософт: Треба да внимаваме на странско мешање во претседателските избори во САД

Макфакс

19/09/2024

10:09

297

Големина на фонт

а а а

Претседателот на американскиот технолошки гигант Мајкрософт, Бред Смит предупреди на странските обиди да влијаат на американските претседателски избори во ноември.

„Мислам дека најопасниот момент ќе дојде 48 часа пред изборите“, рече Смит на сослушувањето во американскиот Сенат во средата. „Тоа е лекција што треба да се научи од, да речеме, изборите во Словачка минатата есен“.

Смит рече дека два дена пред парламентарните избори во европската земја, „руска група“ објавила лажна аудио снимка која наводно открива заговор за кражба на гласови.


„Руската влада е многу способна, многу софистицирана, не само во технологијата, туку и во општествените науки“, рече Смит.

Шефот на Мајкрософт нагласи дека „има реални и сериозни закани“, вклучително и претстојните претседателски избори во САД, кои ќе се одржат на 5 ноември.

Трката за Белата куќа можеби се води меѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и демократката Камала Харис, „но ова исто така стануваат избори на Иран против Трамп и Русија против Харис“, рече извршниот директор на Мајкрософт.

„Ова се избори каде Русија, Иран и Кина се обединети во заеднички интерес за дискредитација на демократијата во очите на нашите гласачи“, предупреди Смит.

Пред само неколку дена, американските власти ја разоткрија кампањата спонзорирана од Русија во која беа регрутирани десничарски инфлуенсери. Сметки маскирани како веб-страници на новински куќи, како што се конзервативниот канал Фокс њуз и весникот Вашингтон пост, објавија лажни приказни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг