Поранешен агент на ЦИА дрогирал и сексуално малтретирал десетици жени: Осуден е на 30 години затвор

Точка

19/09/2024

09:15

1.422

Големина на фонт

а а а

Поранешниот агент на ЦИА, којшто ги дрогирал, фотографирал и сексуално малтретирал околу 30 жени низ светот, осуден е на 30 години затвор.Брајан Џефри Рејмонд, поранешен припадник на Белата куќа, ги намамувал жените коишто ги запознавал преку апликациите за запознавање, вклучувајќи го и „Тиндер“, во својот стан каде што ги дрогирал додека ги послужувал со вино и грицки.

Четириесет и осумгодишниот агент, потоа позирал со голите и онесвестени жени, пред да започне да ги фотографира и сексуално да ги малтретира. Исто така било откриено дека има галерија со повеќе од 500 фотографии од жртвите, пишува „Sky News“.


„Тој е сексуален предатор“

Обвинителите кажале дека Рејмнод ги напаѓал жртвите од 2006 година, а ги пронаоѓал во Мексико, Перу и други земји. „Со сигурност може да се каже дека тој е сексуален предатор“, изјави американската висока судијка, Колен Колар – Котели, изрекувајќи му ја на Рејмонд, целосната казна побарана од обвинителите од Вашингтон. „Ќе имате малку време да размислите за ова“, додаде таа.


Како дел од казната, судијката исто така побара Рејмонд, да им плати по 10 илјади долари на сите 28 жртви. На судот се појавиле околу 12 жртви на Рејмонд коишто се идентификувале само преку бројки, коишто се потсетиле како „ги измамил шпион којшто бил дел од агенција која би требало да го штити светот од злото“.

„Изгледаше како господин“

Едната од жртвите изјави дека кога се запознале во Мексико во 2020 година, Рејмонд изгледал како „совршен џентлмен“, потсетувајќи се дека тогаш само се бакнале. Меѓутоа откако таа се онесвестила, без нејзино знаење, Рејмонд направил 35 снимки и видеа одблиску од нејзините гради и гениталии.

Втората жртва изјави дека доживеала нервен слом, а третата дека има кошмари откако ги видела фотографиите на коишто изгледала како труп на неговиот кревет.


„Ова беше предавство на сето она за што се залагам и знам дека ниту едно извинување никогаш нема да биде доволно. Не постојат зборови со коишто можам колку ми е жал. Тоа не сум јас, а сепак станав тоа“, изјави Рејмонд.

Неговите адвокати побараа полесна казна, обвинувајќи ја неговата работа со ЦИА по 11 септември. Тоа, велат адвокатите, било плодна почва за емоционалната бесчувствителност и „објектификацијата на другите луѓе“ што го навело да ги демне жените со години.


Агенцијата јавно ги осуди злосторствата на Рејмонд, коишто се сметаат за едни од најеклатантните случаи на непримерно однесување во историјата на ЦИА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг