Во експлозии на пејџери загинале и 19 членови на Иранската револуционерна гарда во Сирија

Точка

18/09/2024

16:00

1.811

Големина на фонт

а а а

19 членови на корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) се меѓу жртвите на вчерашниот напад со пејџери со експлозив, јавуваат блискоисточните медиуми.

Според израелското воено радио, повикувајќи се на саудиски медиуми, во експлозиите се ранети уште 150 членови на ИРГЦ.

Се вели дека 19 членови на ИРГЦ биле убиени откако нивните пејџери експлодирале во Деир ез-Зур, источна Сирија, објави саудискиот информативен извор Ал-Хадат во средата попладне.

Извештајот дојде еден ден откако на околу 4.000 членови на Хезболах, исто така, им беа разнесени пејџерите во напад што наводно му се припишува на Израел. Според пишувањата на странските медиуми, нападот го извршиле Мосад и израелските одбранбени сили (ИДФ).


Меѓу ранетите е и иранскиот амбасадор во Либан

Иранскиот амбасадор во Либан, Мојтаба Амани, исто така е ранет во нападот, објави иранската државна новинска агенција Мехр.

Еден ден потоа, артилерија на ИД погоди голем број цели на Хезболах во јужен Либан, додека израелските воздухопловни сили (ИАФ) извршија напади во областите Одаиша, Маркаб, Блида, Марун Ел Рас и Чихина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг