Компанијата „Jaguar Land Rover“ во својата фабрика во Ковентрај, каде што ги произведува и тестира електричните автомобили, започна со употребување на кучето – робот којшто го нарече „Rover“.
Станува за збор за роботско куче опремено со „AI“ технологија, којшто го произвела компанијата „Boston Dymanics“. Роботот со четири нозе патролира низ фабриката, а може да направи до 24 патроли дневно, и способен е да прави неколку импресивни дејствија. Роботот самостојно може да отвора врата, да ги проверува вентилите и машинеријата, да открива евентуално течење на плинот како и да ја следи температурата на батериите. Сето ова им помага на инженерите во фабриката да се фокусираат врз анализата на податоци и решавањето на проблеми наместо постојано да ја следат опремата.
Фабриката во Ковентрај има голема улога во плановите на фабриката „Jaguar Land Rover“ да стане потполно електричен бренд до 2030 година. Фабриката е опремена о бројни уреди коишто е потребно да се следат, а токму тоа стана работата на кучето – робот.
„JLR“ има намера да започне со користење на роботи во сите нивни фабрики низ целиот свет, а моментално компанијата се подготвува за производство на моделот „Range Rover Electric“ во фабриката во Солихал.
„JLR“ има големи планови и сака да стане потполно електричен, луксузен бренд, а првиот модел ќе биде „GT“ којшто ќе стане најсилниот и еколошки најприфатливиот „Jaguar“ досега, а неговиот домет ќе биде околу 700 километри.
За да го постигнат планот, „JLR“ вложува 18 милијарди фунти во својата стратегија „Reimagine“, а во фабриката „Lyon Park“ компанијата започна со употреба на роботи наменети за чистење, коишто ги отстрануваат честичките прашина од клетките на батериите пред нивното составување.