Во Македонија постои неофицијален стереотип: сѐ интересно и важно се случува само во странство, но веќе неколку месеци, младиот тим, кој стои зад организацијата на првото и единствено адреналинско шоу во државата, ТРИУМФ, со факти му пркоси на ова размислување.
По неколку динамични епизоди дојде време за борбата на полуфиналистите. А одговорот на прашањето која општина е финалистот во првата сезона, дали Општина Крива Паланка, Охрид или Куманово, се крие во новата 9та епизода во долгоочекуваното полуфинале.
Оваа епизода на натпреварувачите, како и на гледачите на шоуто, им приреди неочекувани и екстремни каскадерски предизвици, кои од почетокот на првата епизода, па досега, се со сигурност најопасни. Адреналинот и пред и зад камерата е видлив во секој момент од новата епизода, а главни виновници за истото се висењето од камион, кој се движи со 50км на час на 800м патека, поместување на летало, решавање математички равенки, прецизност во погодување мети, а истите се само дел од случувањата во новата епизода.
„Навистина се потрудивме цело лето и дадовме максимални напори за да направиме нешто поразлично во етерот. Со првата полуфинална емисија докажуваме уште едно нешто дека ги срушивме сите бариери на возможното кога станува збор за шоу во Македонија. Оваа епизода е навистина посебна затоа што ја снимавме на 40+ степени и користевме реквизити, кои што досега никој не ги користел за да се направи било каква емисија во Македонија,“ изјави Стефан Лазаров.
Учесниците на дело ја прикажуваат упорноста за балансирањето помеѓу менталната острина, тимската работа и секако силата на своите тимови, како и бодрењето, поддршката и шегите на водителите Стефан Лазаров, Петар Младенов и Димитар Атанасовски.
„Во секоја игра се вложуваме максимално како тим, за да искреираме што потешки и поинтересни предизвици и за гледање и за самите натпреварувачи. Но, оваа епизода ми е посебно драга, затоа што ми се оствари идејата за која што сите ме правеа луд, кога тврдев дека можеме да ја реализираме, а тоа е со 50км на час натпреварувачите да летаат од воен камион. Во пракса истото излезе навистина интересно за на камера, а и самите гледачи треба да одлучат колку е забавна целата емисија,“ изјави Петар Младенов.
Остануваат уште само две полуфинални емисии како и големото финале на ТРИУМФ, во кое што ќе се добие првиот победник од оваа прва сезона, а кој ќе се здобие со 3.000 евра како награда. Сите епизоди се достапни на YouTube каналот на Лазаров, како и на стриминг платформата GLEY.
Најновата 9та епизода (полуфинале) веќе е достапна и на YouTube каналот на Лазаров на следниот ЛИНК.
Комерцијален текст