Во Шангај се откажани над 600 летови поради тајфунот Бебинца

Макфакс

15/09/2024

16:48

827

Големина на фонт

а а а

Аеродромите во Шангај денеска откажаа стотици летови во очекување на налетот на тајфунот Бебинцa. Повеќе од 600 летови се откажани од аеродромите Хонгкиао и Пудонг. Исто така се затвораат и дел од мостовите и автопатиштата.

Тајфунот Бебинца моментно е на неколку стотици километри од брегот. Се очекува ветровите на тајфунот вечерва да достигнат брзина од 151 километар на час, соопшти Кинеската метеоролошка управа.

Поради тајфунот евакуирани се 9.318 луѓе од една област во Шангај. Во блискиот град Жоушан утрово беа затворени рестораните, супермаркетите и продавниците, а во прекин е и јавниот превоз.

Се очекува невремето да донесе и до 254 милиметри дожд на метар квадратен, во делови од источниот брег кои ќе бидат најтешко погодени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг