Баритонот Иван Наумовски и пијанистката Ана Гацева ќе настапат во Њујорк, на концерт наречен „Љубов и смрт”.
На овој настан се спојуваат сензибилитетите на двајца врвни уметници, кои ќе изведуваат дела од австриски и германски композитори за глас и пијано, соло пијано, како и циклусот “Песни од татковината” од македонската композиторка Дарија Андовска.
Настанот ќе се одржи на 12.09, четврток, со почеток во 19ч во MC Gallery на Менхетн.
Дуото Наумовски и Гацева ќе дебитираат заедно на сцената токму во Њујорк.
Циклусот “Песни од татковината” од Андовска ќе биде за првпат интегрално изведен во САД, а композиторката ќе биде присутна на настанот. Настанот е поддржан од Министерството за култура, а сесрдно го помогна ЕВН.