Оваа е најсреќната сојузна држава во Америка

Точка

12/09/2024

15:16

3.697

Големина на фонт

а а а

Хаваите се најсреќната американска сојузна држава оваа година, според годинешното рангирање на веб – страницата за лични финансии „Wallet Hub“.

Врз база на нивното истражување, оваа пацифичка американска држава имала најниска стапка на депресија во САД, а 86% од нејзините возрасни жители изјавиле дека имаат добра или солидна здравствена состојба, пренесува „CNBC“.


Покрај ова, Хаваите ја имаат и едната од најниските стапки на невработеност, со просечни приходи на домаќинствата коишто се поголеми од 75.000 долари. Инаку, најсреќните држави се оние коишто нудат натпросечен квалитет на живот во поширок спектар на области, од силна државна економија, висококвалитетна нега на физичкото и менталното здравје до адекватно количество на слободно време.


За да утврдат каде живеат најсреќните луѓе во Америка, „Wallet hub“ ги споредил педесетте сојузни држави според повеќе од 30 индикатори и тоа во три клучни категории: емоционална и физичка благосостојба, услови за работа и заедница и окружување.

Калифорнија и Флорида, двете држави кои вообичаено се синоним за убави временски прилики во текот на целата година, се наоѓаат дури на 13 односно 14 место.

Инаку минатата година сојузната држава Јута беше најсреќната во Америка.