Голем дел од мостот Карола, по кој во Дрезден вообичаено поминуваат стотици луѓе, утрово околу 3 часот се урна во Елба. Трагедија беше избегната со чиста среќа. Само неколку минути претходно низ оваа делница поминаl трамвај.
Во колапсот се скршиле цевките за парно греење и делумно ги поплавиле бреговите. Целата област е затворена.
Службите за итни случаи ја примиле пријавата во 03:08 часот. Среќа е што во моментот на уривањето на мостот немало никој.
Според полицијата, засега нема индиции дека е сторено кривично дело, но можно е планираното реновирање да дошло предоцна. Според информациите, состојбата на урнатиот дел од мостот била означена како небезбедна при последниот увид.
Останатите две делници од мостот беа неодамна реновирани, а третата делница требаше да биде реновирана следната година.
Градот сега работи на обновување на целосното снабдување со парно греење што е можно побрзо.