Паднаа акциите на енергетскиот сектор на „Wall Street“

Точка

11/09/2024

08:46

519

Големина на фонт

а а а

Вчера на „Wall Street“ порасна индексот „S&P 500“ и тоа втор ден по ред, додека индексот „Dow Jones“ поради притисокот врз акциите на енергетскиот и финансиски сектор. „Dow Jones“ ослабнал за 0,23% или 40.736 поени, додека „S&P 500“ пораснал за 0,45% или 5.495 поени, додека индексот „Nasdaq“ пораснал за 0,84% и стасал до 17.025 поени.


Во најголем дел од најважните сектори цените на акциите на индексот „S&P 500“ вчера пораснаа, меѓутоа остро паднаа цените на акциите во енергетскиот сектор и тоа во просек 2 проценти. Притисокот врз овој сектор е последица на остриот пад на цената на нафтата, откако Организацијата на земјите извозници на нафта („ОPEC“) ги намалија процените за побарувачка на „црното злато“ за идната година поради забавениот раст на едната од најголемите светски економии.

Се чека извештајот за инфлацијата

Значајно и во просек 1% падна и финансискиот сектор, а притоа најмногу паднаа цените на акциите „JPMorgan Chase“ и тоа повеќе од 5%, и „Goldman Sach“ за повеќе од 4%, откако овие банки предупредија дека нивните приходи во тековното тримесечје можеби ќе бидат помали отколку што претходно се проценуваше.


Додека индексот „Dow Jones“ падна индексите „S&P 500“ и „Nasdaq“ пораснаа втор ден по ред, што резултат на корекцијата во цените на акциите по остриот пад од минатата недела. Во наредните денови фокусот на вложувачите ќе биде извештајот кој ќе покаже како се движела инфлацијата во САД во август.

Извештајот за потрошувачките цени ќе биде објавен денес, а аналитичарите проценуваат дека овие цени на месечно ниво пораснале за 0,2%, а дека на годишно ниво пораснале за 2,6%.

Намалување на каматите


Во четврток пак ќе бидат објавени податоците околу произведувачките цени. Овој извештај можеби ќе влијае врз одлуката за каматите на американската централна банка наредната недела. Поголем дел од аналитичарите очекуваат намалување на каматата за 0,25 процентни поени, но има и такви коишто очекуваат поголемо намалување од 0,50 процентни поени.

Од друга страна на европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот индекс „FTSE“ ослабна за 0,78% или 8.205 поени, додека франкфуртскиот индекс „DAX“ падна за 0,96% или 18.265 поени, а парискиот „CAC“ падна за 0,24% или 7.407 поени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг